Top Sport

Буфон по 20 години повторно во Парма

Легендарниот голман, Џанлуиџи Буфон (43), го напушта Јувентус, н нема да замине во пензија. Италијанските медиуми објавија дека го договорил трансферот во Парма, клуб во кој ја започна професионалната кариера.

Буфон ја прифатил понудата на Парма, откако претходно не се договорил со Бешикташ. Во 1995 година, на „Енио Тардини“, тој ја започна својата блескава кариера. Пет години подоцна, во 2001 година, за 52 милиони евра Буфон се пресели во Јувентус, каде беше до завршувањето на оваа сезона, со исклучок на сезоната 2017/2018 кога бранеше во ПСЖ.

Сумата, која Јувентус ја платија за него беше голмански рекорд до летото 2018 година.

Буфон со Јувентус освоил бројни трофеи, му недостига само пехарот во Лигата на шампионите.

Scroll to Top