На стартот од групата Д на ЕУРО 2020 Англија најави доминација во групата на мечот против Хрватска на „Вембли“ во Лондон. Капацитетот со ковид протоколите е 22.500 гледачи, од нив дури 22.000 се англиски заради комплицираните процедури за Хрватите да стигнат во Лондон, поради пандемијата.
Десетина минути Хрватите не го поминаа центарот на теренот, а притоа репрезентативците на „Гордиот Албион“ имаа две сериозни шанси.
Се играше 6. минута кога Фоден доби топка во десниот дел од шеснаесетникот на Ливаковиќ, биеше силно, а топката заврши во дирекот на голот на хрватската репрезентација.
Притисокот на Англија продолжи, па три минути подоцна играчот на Лидс, Филипс биеше силно од 20-тина метри, но голманот на Динамо кој го чува голот на „коцкастите“ успешно интервенираше.
Во втората третина од мечот Хрватите чиј среден ред е предводен од Модриќ, Ковачиќ, Брозовиќ и Перишиќ успеа да воспостави егал на теренот иако на средина од првото полувреме процентот на посед на топката е 63-37% во полза на Англичаните.
Втората половина на првото полувреме донесе игра меѓу двата шеснаесетника, без многу шанси пред двата гола ако се изземе слободниот удар од 18 метри во 43-тата минута. Но Трипие биеше во главата на Перишиќ.