Најдобриот стрелец во историјата на шведската репрезентација, Златан Ибрахимовиќ нема да се врати во националниот дрес на скандинавската репрезентација на Мундијалот во Русија, објави Шведската фудбалска федерација преку соопштение.
Шпекулациите дека 36-годишниот Ибра, кој замина од Манчестер јунајтед во Лос Анџелес галакси, би се вратил во тимот по повлекувањето по Евро 2014, не престанаа последните денови, а и самиот тој најави дека тоа е можно. Ибрахимовиќ, кој има 62 гола во 116 настапи за Шведска, сега дефинитивно не се враќа, велат во федерацијата.
„Зборував со Златан во вторникот и тој го нема сменето мислењето околу националниот тим. Така да, одговорот е не. Затоа тој не е дел од можниот тим кој селекторот Јане Андерсон ќе го објави на 15 мај“, изјави Ласе Рихт, директорот на репрезентацијата.
Фото: ЕПА