Аргентина и Чиле одиграа 1:1, во првиот натпревар во Б-групата, на Копа Америка. Аргентина имаше повеќе шанси, но не успеа со победи во Рио де Женеиро.
Аргентинците, во првото полувреме, целосната доминаија на теренот ја материјализираа со само еден гол. Откако Лаутаро Мартинез не погоди во 12.минута и Нико Гонзалес промаши две добри шанси, гол и тоа спектакуларен од слободен удар постигна Меси во 33.минута.
Чиле во вториот дел влезе офанзивно, таквата определба им донесе пенал во 53.минута. Видал не успеа да го совлада Емилијано Матинез, но одбиената топка Варгас ја врати во голот.
До крајот немаше возбудувања, па двата тима освоија по еде бод.
Во вториот меч од оваа група, Парагвај со 3:1 ја победи Боливија.