УЕФА, отвори официјална истрага против репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, поради инцидентот што го предизвика на натпреварот против Македонија.
Во неделата, Австрија ја победи Македонија со 3:1, во првото коло во Ц-групата. По завршувањето на натпреварот, во медиумите и по социјалните мрежи се коментираа зборовите кои Арнаутовиќ ги упати кон македонскиот репрезентативец Алиоски.
Арнаутовиќ во 89.минута го постигна третиот гол за Австрија, а потоа на упати навредливи зборови кон Алиоски.
Вчера, Австриецот, се извини, истакнувајќи дека не е расисит.
„Според Членот 31 (4), од Дисциплинскиот правилник на УЕФА, одреден е етички и дисциплински инспектор, кој ќе отвори истрага за инцидентот во кој учествуваше Марко Арнаутовиќ, во текот на натпреварот Австрија-Македонија“, наведе УЕФА во соопштението.
Доколку биде потврдено дека навредите биле расистички или етнички, тогаш Арнаутовиќ би можел да биде суспендиран на 10 натпревари.