Голманот на Хаити, Хосуе Дувергер, го обележа натпреварот што го одигра неговата репрезентација против Канада.
Дувергер, кој со неколку добри интервенции, им овозможи на соиграчите да имаат 0:0 против фаворитот, се изрезили во финишот на првиот дел. Една лесна топка, која требаше само да ја исфрли во поле, тој ја утна два пати и на крајот таа заври во голот.
Канада, на крајот победи со 3:0 и со вкупен резултат 4:0, успеа да се пласира во наредната фаза, во квалификациите за пласман на Светското првенство, во зоната Централна и Северна Америка.