Top Sport

Атлетико за Трипие бара 50 милиони евра

Атлетико Мадрид им испрати порака на клубовите кои се заинтересирани за Киран Трипие. Англискиот репрезентативец може да го напушти клубот само за сума од 50 милиони евра.

Манчестер јунајтед, интерес за Трипие, покажаа и во зимскиот преоден рок, меѓутоа тогаш десниот бек беше суспендиран на три месеци, поради нелегално обложување.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, има намера да донесе уште еден квалитетен десен бек, кој ќе му биде конкурент на Ван Бисака. Англиските медиуми, тврдат дека Солскјер, бил подготвен да плати за Трипие 20 до 25 милиони евра.

Киран Трипие беше еден од клучните фудбалери на Атлетико во походот кон шампионската титула. Сезоната ја заврши без постигнат гол, но со девет асистенции беше третиот најдобар асистент во тимот.

Scroll to Top