Top Sport

Македонија во 5-3-2 против Украина, Спировски на местото на Трајковски

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, направи една измена во тимот кој ќе му се спротивстави на Украина.

Место во тимот доби Стефан Спироски, а на клупата се сели Александар Трајковски.

На голот ќе биде Димитриевски, тројката во одбраната е Муслиу, Велковски и Ристовски, по боковите ќе делуваат Алиоски (лево) и Николов (десно), а во редов за врска се Спировски, Адеми и Барди.

Во нападот крај капитенот Пандев ќе биде и Елмас.

Кога станува збор за Украина селекторот Андриј Шевченко натпреварот ќе го започне со Бушчан – Караваев, Забрњи, Матвијенко, Миколенко – Степаненко, Шарапенко, Зинченко, Малиновски, Јармоленко – Јаремчук.

Натпреварот во Букурешт ќе започне во 15 часот.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top