Актуелните шампиони и лидери во Серија А, Јувентус мораат да прават повеќе фаули од мечот со ривалите за титулата Наполи, вели нивниот тренер Масимилијано Алегри пред пресметката со Интер во Милано.
Необичниот коментар на Алегри доаѓа откако во Торино уште се лути по шокантниот 0:1 пораз од Наполи во 90-тата минута од мечот, пораз со кој предноста на Јуве е само еден поен на четири меча пред крајот на шампионатот.
„Сега доаѓа времето кога треба да ја покажеме нашата храброст, слобода на игра, ентузијазам и волја за победа. Мораме да бидеме подготвени за секоја топка и за секој дуел. Лигата е отворена. Во недела направивме само осум фаули, а не фаулираа 18 пати, што е негативна статистика за нас. Утре мораме да играме на вистински начин или нема да излеземе живи“, изјави сериозно Алегри.
Иако Јуве загубија само трипати цела сезона и одат на четврта двојна титула во низа и седма во шампионатот, Алегри беше критикуван за внимателната тактика против Наполи. Покрај тоа, во средата илјадници навивачи на Јувентус дојдоа на тренингот на клубот барајќи објаснување зошто не ги поздравиле по поразот.
„Навивачите дојдоа да бидат поблиску до нас и да не поддржат во овој момент. Тоа беше добро, за да се разбие монотонијата. Утре играме голем меч, Дербито на Италија на прекрасен стадион, против тим кој прими само два гола во последните девет меча“, додава Алегри.
Фото: ЕПА