Top Sport

Кафелников не се сеќава дали бил под истрага за местење мечеви?

Пред два дена независната комисија за истражување на корупцијата во тенисот излесе со својот извештај, во кој посочи дека иако врвните тенисери не се под истрага, понискорангираните тенисери се „совршена мета“ за мафијата за местење на мечеви.

Но, покрај тоа, во извештајот има и еден интересен случај за тенисер кој се пензионирал во 2003 година бидејќи бил под истрага за местење мечеви. Таа година 78 тенисери се повлекоа од спортот, вклучувајќи го и двократниот гренд слем шампион и поранешен број 1, Русинот Евгениј Кафелников.

„Телеграф“ веднаш го запраша ветеранот дали тој бил под истрага.

„Можеби бев, можеби не бев. Морате да зборувате со шефовите на федерациите, бидејќи искрено не се сеќавам. Тоа беше пред 15 години и никогаш не сакам да зборувам за минатото. Јас немам што повеќе да кажам на таа тема“, изјави двосмислено Кафелников.

Фото: ЕПА

Scroll to Top