Иако Емил Форсберг со гол од пенал донесе клучна 1:0 победа на Шведска над Словачка, несомена ѕвезда на мечот беше младиот фудбалер на Реал Сосиедад, Александер Исак, кој доби фантастични пофалби по одличната партија.
21-годишниот напаѓач, кој е поврзуван со трансфер во Арсенал и Ливерпул, исто така беше прогласен за најдобар играч на 0:0 ремито со Шпанија, и шведскиот селектор Јане Андерсон вели дека се работи за играч со неверојатно влијание на играта на репрезентацијата.
„Одлично е да се гледа на теренот, тој е вистински талент. Млад фудбалер кој има огромен простор за подобрување на формата. Од него уште го очекуваме најдоброто“, вели Андерсон.
За Исак веќе беа заинтересирани големите европски клубови по одличните партии за Сосиедад и освојувањето на Копа дел реј во 2019/20 во април оваа година.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Jogada incrível de Isak.pic.twitter.com/T34q138gt0
— Alexander Isak Brasil (@AlexanderIsak19) June 18, 2021
Alexander Isak Vs #SVK pic.twitter.com/DAbRbQyQDi
— Alexander Isak Brasil (@AlexanderIsak19) June 18, 2021