Top Sport

Англичаните доминираат над „стариот непријател“ Шкотска, но без голови во првото полувреме

Дуелот на „старите непријатели“ Англија и Шкотска на „Вембли“ донесе свиркање на навивачите на шкотската химна и на клечењето на двете репрезентации, многу возбуди пред шкотскиот гол, но ниту еден гол по првите 45 минути.

Најубавата и најраната шанса на мечот ја имаше дефанзивецот на Манчестер сити, Џон Стоунс, кој по одличниот удар со глава го погоди само дирекот. Само неколку минути подоцна и Мејсон Маунт имаше одлична шанса, додека на другата страна се закани Че Адамс. Фил Фоден исто така имаше две одлични шанси, но Англичаните не искористија ништо и покрај поседот на топка од над 60 отсто. Финишот на полувремето им припадна на Шкотите, кои имаа одлична шанса преку О’Донел, која Пикфорд ја одбрани.

Scroll to Top