Венус Вилијамс се пласираше во полуфиналето на ВТА финалето во Сингапур, откако со 7:5/6:4 ја совлада шампионката од Вимблдон, Гарбиње Мугуруза.
37-годишната ветеранка се приклучува на Каролина Плишкова меѓу најдобрите четири од „белата група“, додека од „црвената група“, сигурна е Данката Каролине Вознијацки.
Во првиот сет немаше голема разлика во играта на двете тенисерки, пред Мугуруза да искористи шанса за 4:3 водство, но Американката веднаш врати, за да веднаш да го освои сетот. Во вториот сет исто така беше доволен еден брејк за Вилијамс, за која ова е втора тесна победа, по таа над Јелена Остапенко.
Ова исто така е „слатка“ одмазда за Вилијамс, откако Мугуруза ја победи во финалето на Вимблдон оваа година.
Претходно, во првиот меч од групата, Остапенко својот прв настап на ВТА финалето го заврши со победа, откако ја совлада уморната Плишкова со брзи 6:3/6:1 за само 66 минути.
.@VenusesWilliams gets her @Wimbledon revenge!
Moves past Muguruza 7-5, 6-4! #WTAFinals pic.twitter.com/ruXpTu30ba
— WTA (@WTA) October 26, 2017