Шпанија и Полска, во Севилја на „Картуха“ стадионот, ќе го затворат второто коло на Европското првенство.
Шпанија по првиот дел има минимална предност од 1:0.
Шпанците, кои во првото коло ремизираа без голови со Шведска, доминираат во првиот дел, но за разлика од претходниот натпревар не создадоа многу шанси, а успеаја да постигнат гол.
Алваро Мората го совлада Вијчех Шчесни во 25.минута. Првично помошникот на главниот судија Даниеле Орсато сигнализираше офсајд, сепак десетина секунди подоцна ВАР потврди дека голот е регуларен.
Полска имаше можност да израмни во 42.минута, најпрвин Швијетерски ја погоди стативата, топката се одби до Левандовски, чии удар во ситуација „еден на еден“ го одбрани Унаи Симон.
Goal!
Álvaro Morata opens the scoring for Spain! After a VAR delay the goal is given, the celebrations start in Seville! #beINEURO2020 #EURO2020 #ESPPOL
Watch Now – https://t.co/RRmQgctETJ pic.twitter.com/kzJwV5hwAn
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) June 19, 2021