Top Sport

Кинезите нудат „вреќа пари“ за Арсен Венгер

Арсен Венгер доби понуда да стане најплатениот менаџер во светот на фудбалот, откако Кинезите се подготвени да платат повеќе од 24-те милиони фунти кои Марчело Липи ги добива како кинески селектор.

Околу иднината на 68-годишниот Венгер има големи шпекулации откако Французинот објави дека се повлекува од позицијата во Арсенал по 22 години на чело на лондонскиот клуб. Венгер заработуваше околу 8 милиони фунти по сезона, но „Дејли мирор“ тврди дека тој би преферирал работа во Франција и Шпанија.

Пари Сен-Жермен се една опција, и францускиот гигант е подготвен да му даде позиција на генерален менаџер кој би соработувал со Томас Тухел, кој е првиот фаворит за местото на Унаи Емери, кој веќе објави дека заминува ова лето. Венгер има соработка со сопственикот на ПСЖ, Ал-Хелаифи, советувајќи го ТВ-правата.

„Дејли мирор“ оди понатаму и вели дека ниту оваа понуда не е доволна, бидејќи Венгер верува дека преферира менаџерска позиција.

Фото: ЕПА

Scroll to Top