Top Sport

Мурињо: Доста лажете за мојот однос со Погба

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ги отфрли шпекулациите дека има личен проблем со Пол Погба, откако Французинот неколку пати влезе во конфликт со својот тренер, нарекувајќи ги „новинарски лаги“.

Погба беше критикуван за неговите просечни игри по трансферот од 100 милиони евра од Јувентус во 2016 година, а Мурињо и покрај тоа што го постави неколку пати на клупата вели дека сите го „оценуваат“ поинаку 25-годишниот Французин и дека нема ништо во шпекулациите тој е подготвен да го продаде.

„Да се случеше тоа пред 10 или 15 години навистина многу ќе ми пречеше бидејќи тогаш не ги поднесував новинарските лаги. Искрено, веќе не знам кој е новинарот кој ги пишува таквите работи, бидејќи сега сите можат да бидат новинари. Јас и Пол никогаш не сме имале лични проблеми. Ако велите дека тој ќе имаше проблеми со мене поради фудбалските активности, тогаш е океј, но лични работи, апсолутно не. Пол може да биде многу работи, но верувајте, тој е многу културно момче“, вели Мурињо во интервју за „ЕСПН“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top