Top Sport

Скандал на Копа Америка: Чилеанците донеле проститутки во хотелот

Скандал ја тресе репрезентацијата на Чиле, која се натпреварува на Копа Америка. Чилеанците, ги прекршиле сите ковид-протоколи, организирале забава во хотелот во кој се сместени.

Јужно-американските медиуми кои го следат шампионатот, шпекулираат дека актерите се соочуваат со жестоки казни, не ја исклучуваат можноста Чиле да биде исфрлен од Копа Америка.

Артуро Видал, Гари Медел, Еду Варгас, Менезес, Марипан и Арангис, успеале, на забавата, во хотелот да прошверцуваат проститутки.

Фудбалскиот сојуз на Чиле се огласи, но не во врска со овој скандал, туку само информира дека репрезентативците во хотелот викнале фризер, со што ги прекршиле правилата. Поради ова играчите ќе бидат парично казнети.

Она што ја загрижува јавноста е и најавената оставка на селекторот Мартин Ласарте. Селекторот не можел повеќе да се бори против клановите во соблекувалната. Познато е дека Артуро Видал и капитенот Клаудио Браво со години немаат никаква комуникација.

Чиле, вечерва од 23 часот, треба да игра против Уругвај.

Scroll to Top