Фудбалската репрезентација на Германија, во среда, ќе го одигра последниот натпревар, во Ф-групата на Европското првенство. Германците се во добра позиција да обезбедат пласман во осмина-финалето, откако славеа над Португалија со 4:2. Во првото коло беа поразени од Франција (0:1), а во последната рунда ќе играат против Унгарија.
Селекторот, Јоаким Лев, не е сигурен со каков тим ќе им се спротивстави на Унгарците, кои се покажаа како „тврд орев“ во дуелите со Португалија и Франција.
Германскиот тим, објави, дека поради повреди денешниот тренинг го пропуштиле Томас Милер, Матс Хумелс, Илкај Гундган и Лукас Колстерман. Гермнците не соопштија каков е степенот на повредите кај четворицата фудбалери.
Хумелс, Милер и Гундоган беа стартери на првите два натпревари.