Сензационален трансфер, денес го стресе „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано.
Хакан Чалханоглу ѕвездата на Милан, во новата сезона ќе го носи дресот на Интер.
Оваа информација ја потврдија трансфер-инсајдерите, Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио. Овие новинари објавија дека Турчинот ќе потпише договор со Интер до јуни 2024 година.
Хакан Чалханоглу долго време преговараше со Милан околу продолжувањето на договорот. Милан не можае да ги исполнат неговите финансиски барања. Му нудеа годишна плата од четири милиони евра по сезона.
Менаџетот на фудбалерот, со Интер, договорил плата за својот клиент од пет милиони евра, плус одредни бонуси, врзани со бројот на настапи, постигнати голови и освоени трофеи.
„Скај спорт Италија“, објави, дека Чалханоглу, утре ќе се врати во Милано, а кога ќе ги заврши лекарските прегледи ќе го потпише договоро со Интер.
Чалханоглу, во Интер, ќе биде замената за Кристијан Ериксен, кој се уште не знае дали ќе ја продолжи кариерата.