Кошаркарскиот клуб Химки ќе поднесе жалба до Евролигата, во која со видео-снимки ќе укаже на лошите судиски одлуки во четвртиот натпревар од четврт-финалната серија со ЦСКА. Четвртиот меч ЦСКА го доби со 89:88 и со 3-1 ја реши серијата против Химки.
Химки најмногу примедби има на одлуките што судиите ги носеле во последната минута од исклучително незивесен дуел.
Химки постигна кош за победа, кој потоа беше поништен, а ЦСКА избори пласман на завршниот турнир.
Во претходниот напад Кори Хигинс реализираше шут за два поени, меѓутоа од Химки сметаат дека Американецот направил чекори.
„Мечот беше динамичен и беше решен е во последните секунди. По кошот на Хигинс нашите играчи ја вратија топката во игра. Судијата на теренот веднаш започна да го мери времето. Без причина вториот судија Хименес реши да ја стопира играта и да ги поништи нашите поени. Веруваме дека организација каква што е Евролигата мора да го насочи вниманието кон големиот број на судиски грешки. Одлуките на судиите директно го одредија победникот на овој меч и во четврт-финалната серија. Поради тоа бараме објаснивање од Евролигата“, напишал генералниот директор, Павел Астахов на официјалната интернет страница на Химки.