Фудбалерите на Јувентус, со неверојатн пресврт на „Џузепе Меаца“, извојуваа победа над Интер 2:3, во најголемото дерби на италијанскиот фудбал. Јувентус и по ова 35.коло ќе остане лидер на табелата, додека Интер ги намали шансите за пласман меѓу првите четири екипи во Серија А.
Јувентус подобро влезе во дуелот на „Џузепе Меаца“, а првата голема шанса во гол ја претвори Даглас Коста. Бразилецот успеа да го совлада Хандановиќ во 15.минута.
Само две минути подоцна Весино поради грубиот фаул врз Манџукиќ доби директен црвен картон.
Во финишот на првиот дел Јувентус преку Матуиди постигна уште еден гол кој беше поништен поради офсајд.
Во три случаи судијата Даниеле Орсато, пред да донесе конечна одлука, го користеше ВАР ситемот.
Интер во вториот дел, иако со играч помалку, влезе многу порешително. Најпрвин играчите на Лучано Спалети ја презедо контролата врз играта, а потоа стигнаа и до израмнување.
Кандрева нафрли од слободен удар во 52.минута, а капитенот и најдобриот стрелец на Интер, Мауро Икарди од десетина метри, биеше неодбранливо.
Неколку минути подоцна Игуаин не успеа да реализира „мртва шанса“, што Интер го казни во 64.минута.
Перишиќ успеа да пробие по левата страна, беше поснаодлив од Квадрадо, испрати центаршут по земја, која искусниот Бразаљи ја проследи во сопствената мрежа.
По постигнатиот гол Интер се повлече. а Јувентус започна да притиска кон голот на Хандановиќ.
Меѓутоа резултатот 2.1 стоеше се до 87.минута, кога топката по центашутот на Квадрадо го закачи Шрињар и заврши во голот.
Веќе во наредниот напад Игуаин го комплетираше пресвртот на Јувентус.
Јувентус сега има 88 бода, четири повеќе од Наполи кој утре гостува во Фиренца, додека Интер е на петтото место со 65 бода.