Top Sport

Финалето на ЕУРО 2020 пред 60.000 фанови на „Вембли“

Владата на Велика Британија ја потврди одлуката дека полуфиналињата и финалето на ЕУРО2020 ќе се одиграат на стадионот „Вембли“ во Лондон пред 60.000 гледачи. Според таа одлука, ќе бидат исполенти 75% од капацитетот на стадионот.

Двете полуфиналиња и финалето на ЕП ќе бидат спортските настани со најголем број гледачи одржави во Британија во последните 15 месеци.

За споредба, мечевите од групната фаза на „Вембли“ ги следеа по околу 22.000 фанови.

Сепак, се уште не е познато кои ќе бидат процедурите за навивачите кои од другите земји ќе допатуваат во завршните мечеви од ЕУРО 2020, а притоа да не мора да бидат во карантин во Лондон.

„Овој турнир беше светилник на надежта, да им покаже на луѓето дека му се враќаме на нормалниот начин на живот. Благодарен сум му на премиерот и на Владата на Велика Британија за напорната работа која ја вложија за да го постигнеме овој договор за да може завршницата на турнирот да се игра пред голем број навивачи“ рече претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Scroll to Top