Голден Стејт Вориорс убедливо ги победи Њу Орлеанс Пеликанс 123:101, во првиот меч од полу-финалето во Западната конференција.
Пеликаните на актуелниот шампион му парираа само во првата четвртина. Во втората четвртина Голден Стеј ги реши дилемите околу победникот, откако овој период го доби со 37:9.
Екипата на Стив Кер ја предводеше Дрејмонд Грин со трипл-дабл учинок од 16 поени, 15 скока и 11 асистенции.
Најефикасни кај победникот беа Клеј Томпсон со 27 и Кевин Дурент со 26 поени.
Пеликаните ги предводеше Ентони Дејвис со 21 поен и девет скока, а Интван Мур уфрли 15 поени.
Вториот меч од серијата на програмата е в среда од 4:30 часот.