Top Sport

Џерард ќе биде тренер на Глазгов Ренџерс

Пораталот „goal.com“, објави дека поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, наскоро ќе потпише договор со славниот шкотски тим Глазгов Ренџерс.

Легендата на „црвените“, Џерард, работи како тренер во академијата на Ливерпул.

Ренџерс изминатата деценија е во сенка на најголемиот ривал Селтик. „Полицајците“ од Глазгов неколку сезони, поради финансиските проблеми, играа во пониските лиги.

Селтик доминира во Шкотска, во последните десет натпревари со Ренџерс немаат победа, апрвата задача на Џерард ќе биде да го прекине тој негативен тренд.

Џерард на клупата на Ренџерс во „Олд Фирм“ дербито, на спротивната страна ќе го има својот поранешен тренер Брендан Роџерс.

Scroll to Top