AKK RENAULT SPORT како организатор на RENAULT TWINGO CUP и официјалните претставници на LEMA Racing Ви најавуваат уште еден интернационален настап за TWINGO CUP натпреварувачите и тоа на тркачката патека во Серес, Грција викендов на 26.06.2021 и 27.06.2021 год.
Во Серес ќе се возат петтата и шестата трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативитеи признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија.
Пријавени се вкупно 23 возила од:Словенија, Унгарија, Србија и 10 Македонски натпревaрувачи: Ненад Костовски, Иван Стефановски,Слободан Трајковски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.
Официјалната програма на натпреварите е следна:
26.06.2021 год. (Сабота)
08:00-10:00 Верификација и технички преглед
10:00-12:00 Слободен тренинг
12:00-13:00 Квалификации
13:00-15:00 Пауза за ручек
15:00-17:00 Прва трка
17:00-18:00 Церемонија на доделување на награди
27.06.2021 год. (Недела)
10:00-12:00 Слободен тренинг
12:00 – 13:00 Пауза за ручек
13:00- 15:00 Втора трка
15:30 Церемонија на доделување на награди
По четири извозени трки во генералниот пласман во првенството на Македонија првото место го делат Давид Малинковски и Ангелче Стојковски кои имаат по 52 бода, додека пак на третото место е Мартин Костовскисо 42 бода.
Следниот меѓународеннатпревар каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативитеи признанија на FIA CEZе закажан во Гробник – Хрватска од 23 – 25.07.2021 додека пак финалната трка за заокружување на сезоната е закажана повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.
Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.
Во продолжение ви ја претставуваме стартната листа: