Карло Анчелити нема да ја прифати понудата да биде селектор на фудбалската репрезентација на Италија. Челниците на Фудбалскиот сојуз на Италија, минатата недела, по ја понудија селекторската функција и можноста помошници да му бидат неговиот син и пораншените играчи Андреа Пирло и Масимо Амброзини, меѓутоа искусниот тренер има поинакви планови.
Како што пишуваат италијанските медиуми, Анчелоти е заинтересиран за менаџерската позиција во Арсенал, откако Арсен Венгер потврди дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.
Според истите извори, во комбинација за нов селектор на Италија останале Роберто Манчини и Клаудио Раниери. Манчини е тренер на руски Зенит, а Раниери работи во Франција, во екипата на Нант.