Дефанзивецот Серхио Рамос неодамна го напушти Реал Мадрид, а според последните информации, тој е најблиску до премин во ПСЖ.
И калчолигашот Милан беше заинтересиран за услугите на шпанскиот ветеран, но кратко траеше можноста Рамос да заигра за тимот од „Сан Сиро“.
Според информациите до кои дојде ТВ емисијата „Чирингито“ – братот на Серхио, Рене Рамос кој е негов менаџер бил на преговори со спортскиот директор на „Росонерите“, Паоло Малдини.
Според информациите, условите на довчерашниот капитен на „Кралевите“ биле 20 милиони евра за потпис со Милан и годишна плата од 15 милиони евра.
Малдини, како што пренесуваат, изненаден од ваквата „дрска“ понуда прокоментирал:
„Рамос моментно не знае каде се наоѓа“.
Условите кои Милан бил подготвен да му ги понуди на Рамос биле двегодишен договор со можност за продолжување и годишна плата од 8 милиони евра.