Тренерот на Реал Мадрид вели дека не е загрижен за безбедноста за неделното гостување кај Џирона, по вестите дека неговиот клуб решил да патува со посебен автобус во Каталонија поради политичката криза.
По референдумот за независност на Каталонија на 1 октомври, Барселона домашниот меч со Лас Палмас го играше без публика, иако нивното гостување кај Атлетико Мадрид подоцна помина без инциденти.
Шпанските медиуми тврдат дека Зидан и Реал Мадрид нема да патуваат од аеродромот до „Естади Монтиливи“, стадионот на Џирона во автобус без амблеми на клубот, нешто што досега се преземаше само при гостувањето кај Барселона.
„Ние одиме да играме фудбал. Ќе има доволно обезбедување, како и секогаш. Сакам да се подготвуваме за тоа што се случува на теренот, не за тоа надвор од него. Другите тренери можат да зборуваат што сакаат, но јас сакам да зборувам само за фудбалот“, вели Зидан.