Игор Тудор не успеа да ги предводи Удинезе до првата победа во Серија А по 11 меча, откако фенерџијата Беневенто постигна гол во 90-тата минута за 3:3 реми, додека Милан стигна до тешко извојувана 1:2 победа на гости кај Болоња.
Во „лудото“ прво полувреме, Беневенто остана со 10 играчи на теренот, но поведе со 2:1 со гол од пенал. Удинезе се врати со два брзи гола за да го преземе водството на 2:3 со надежи да се визира опстанокот во Серија А, но домаќините не се откажаа и преку Бакари Сања стигнаа до поен во интересниот меч.
Милан пак, на „Ренато Дал’ара“ постигна два гола во првото полувреме преку Чалханоглу и Бонавентура, за во второто полувреме Болоња да намали на 2:1 преку Де Мајо и да предизвика интересни последни 15 минути од мечот.
СЕРИЈА А, 35.КОЛО
Кротоне – Сасуоло 4:1
Аталанта – Џенова 3:1
Беневенто – Удинезе 3:3
Болоња – Милан 1:2
Сампдорија – Каљари 4:1
Верона – СПАЛ 1:3