Top Sport

Атлетико не го заборави Радомир Антиќ – постхумно доделена сребрена значка

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид постхумно додели сребрена значка за починатиот тренер, Србинот Радомиќ Антиќ, која им е врачена на членовите на неговата фамилија.

На прославата 25. години од двојната круна, Атлетико на семејството Антиќ им врачи сребрена значка евоцирајќи спомени за историските достигнувања што популарниот „Мистер“ ги имаше на клупата на овој тим.

„Со својата добра работа на клупата на нашиот тим и со своите човечки квалитети, Радомир Антиќ избори безусловна љубов и наклонетост на семејството Атлетико. Сеќавањата за него засекогаш ќе ни останат во срцата“ се наведува од клубот.

Scroll to Top