Top Sport

Феран Торес го провоцираше Левандовски, па се извинуваше!

Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Феран Торес се извини за коментарите пред дуелот меѓу „Фуријата“ и селекцијата на Полска (1-1) во групната фаза на ЕУРО2020.

Фудбалерот на Манчестер Сити рече дека воопшто не е загрижен што неговата екипа ќе игра против Роберт Левандовски, актуелниот освојувач на Златната топка и дека е уверен дека шпанските дефанзивци ќе го „изедат“ напаѓачот. Вчера следуваше извинување:

„Ако во некој момент некого сум го навредил, сакам да кажам дека ми е многу жал. Го почитувам Левандовски, тој ми е еден од идолите“ изјави Торес.

Младиот крилен фудбалер на првиот меч за Шпанија против Шведска доби можност за настап во стартниот состав, но против Полска и Словачка влегуваше од клупата.

Во понеделник го очекува мечот со Хрватска.

Scroll to Top