Top Sport

Перез: Се борев Зидан да остане – неговото писмо не го ни прочитав, се колнам во внуците

Минатава сезона беше турбулентна за Реал Мадрид. Сезона без трофеј, неуспешен обид да се организира Суперлига, си отиде тренерот, а потоа и долгогодишниот капитен.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез вели дека инсистирал Зинедин Зидан да остана на кормилото на Реал.

„Одлично го познавам Зидан и свесен сум дека пред него била тешка одлука. Се борев да остане. Не го ни прочитав неговото проштајно писмо, се колнам во внуците. Тој што го напишал писмото не бил Зидан. Му посакувам добро. Легенда е на Реал и има признание за се што направи за клубот. Одушевени сме од Анчелоти и неговото ново поглавје во клубот. Од почетокот сметавме дека Анчелоти е идеалното решение за клубот. Не сум разговарал ниту со Алегри, ниту со Покетино, ниту со Конте“ рече Перез.

Во врска со шпекулациите дека Раул Гонзалес бил блиску до клупата на „Кралевите“:

„Ни требаше повеќе искуство, Раул тоа го собира од година во година. Еден ден ќе биде тренер на првиот тим, тој ги има сите квалитети за тоа“ смета Перез.

Scroll to Top