Стјуардите на ГП на Штаерска го казнија возачот на Мерцедес, Валтери Ботас со три места на стартот на неделната трка, откако Финецот ја загуби контролата на својот В12 болид при излегување од боксот, извртувајќи се пред гаражата на ривалите од Мекларен.
Финецот излегуваше од боксот со тврди гуми, и во обид да ги загрее задните гуми, Финецот ја загуби контролата, по што механичарите на Мекларен му помогнаа да го израмни болидот и да се врати на патеката. Покрај казната од три места, тој доби и два казнени поени.
„При сослушувањето, Ботас тврдеше дека во минатото губеа време при излегувањето од боксот и се обидоа со нешто ново, да излезат во втора брзина. Затоа се случи несаканиот инцидент. Ова е потенцијално опасно возење, посебно бидејќи во близина имаше механичари“, се вели во одлуката на стјуардите.
Here's another look at FP2's big talking point, Valtteri Bottas' spin in the the pit lane#StyrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/Hc2jZ4DIWx
— Formula 1 (@F1) June 25, 2021