Top Sport

Меккени за првата средба со Роналдо: Тој беше облечен само по гаќи

Американската ѕвезда на Јуветнтус, Вестон Меккени објасни дека првата средба со Кристијано Роналдо била „многу чудна“, бидејќи Португалецот бил облечене само по гаќи.  22-годишниот Меккени одел на медицински тестови во Торино, кога се сретнал со Роналдо, и признава дека едвај останал смирен.

„Првпат го видов Роналдо кога одев кај физиотерапевтот и тој излезе облечен само во гаќи. Си помислив: ‘Боже, тоа е навистина тој!’ Се обидов да се однесувам нормално, а не како некој навивач, бидејќи сепак, тој ми беше колега“, вели Меккени.

Американецот дојде на позајмица од Шалке минатата година, пред оваа сезона да добие постојан договор со Јувентус.

Scroll to Top