Катарскиот спринтер Абдалелах Харун, кој освои бронзен медал на 400 метри на Светското првенство во 2017 година во Лондон, загинал во сообраќајна несреќа на само 24 години.
Харун исто така освои сребро на Светското првенство во сала во 2016 година и злато на Азиските игри во 2018 година. Тој беше роден во Судан, пред да почне да настапува за Катар во 2015 година.
Најголемиот успех во кариерата му беше бронзата во 2017, кога заврши зад јужноафриканскиот победник Вејд ван Никерк и Стивен Гардинер од Бахамите. На СП во Доха во 2019 година не успеа да се пласира во финалето, а потоа имаше незгодна повреда поради која паузираше во 2020, но се подготвуваше за Олимпијадата во Токио.