Top Sport

Ферстапен со нова пол-позиција во Австрија, Хамилтон ќе стартува како втор!

Лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на домашната трка на неговиот тим, Ред бул, откако успеа да ги остави зад себе возачите на Мерцедес на денешните квалификации пред ГП на Штаерска на патеката Ред бул ринг во Шпилберг.

По фантастичната победа во Франција минатиот викенд, Ферстапен беше побрз од Валтери Ботас на второто место, додека светскиот шампион, Луис Хамилтон беше само трет. Ботас, сепак, нема да ја стартува трката на второто место, туку на петтото поради казната од три места која ја доби за вчерашното извртување во боксот за време на слободниот тренинг.

Во вториот ред ќе стартува и одличниот Лендо Норис во Мекларен, единствениот возач кој има освоено поени на сите трки оваа сезона, покрај Серхио Перез во вториот Ред бул, додека Ботас ќе биде во третиот ред со Пјер Гасли во Алфа Таури.

Scroll to Top