Top Sport

Семејството Киеза влезе во историјата на европските првенства

Италија синоќа по продолженија го скрши отпорот на Австрија во осминафиналето на ЕП и избори следна фаза, а првиот гол на мечот беше дело на Федерико Киеза во 95 минута. Со тоа играчот на Јувентус се запиша во историјата на европските првенства.

Неговиот татко, Енрико, пред 25 години, на ЕП 1996 во Англија, две години пред Федерико да се роди на „Енфилд“ постигна гол против Чешка. Тој меч Италија го загуби со 2-1.

Сепак Енрико и Федерико Киеза станаа првите татко и син кои постигнале гол на едно ЕУРО.


Инаку, синоќа по голот на Киеза, Песина зголеми на 2-0, а Австриецот Калајџиќ го ублажи поразот.
Италија во четвртфинале го чека подобриот од вечерашниот дуел во Севилја меѓу Белгија и Португалија.

Scroll to Top