Сергеј Милинковиќ-Савиќ уште еднаш покажа зошто пола европски клубови го сакаат во нивниот состав, откако го постигна единствениот гол за 0:1 победа на Лацио на гостувањето кај Торино, со која лацијалите се израмнија со Рома на 40 поени на третото, односно четвртото место во Серија А.
Првиот меч меѓу Лацио и Торино во Рим предизвика многу реакции, откако римскиот клуб се жалеше на судењето и дури најавуваше бојкот на шампионатот, но овојпат Лацио токму од пенал имаше шанса да дојде до предност уште во 23. минута, но Лукас Алберто не успеа во тоа.
Тој „врати“ за овој пропуст кога од корнер во 56. минута го „најде“ Милинковиќ-Савиќ, кој заби со глава за важна победа на Лацио.