Кошаркарите на Хјустон Рокитс славеа против Јута Џез 110:96 и поведоа со 1-0 во полу-финаланата серија во Западната конференција, во НБА лигата.
Најдобриот тим во регуларнот дел од сезоната, прашањето на победникот го реши по првиот дел. Хјусатон по првата четвртина имаше предност од 13 , а на полувреме од 25 поени.
Хјустон го предвода Џејмс Харден со 41 поен, осум скока и седум асистенции, центарот Клинт Капела со 16 поени и 12 скока, односно Крис Пол со 17 поени.
Најефикасни кај Јута беа дебитантот Донован Мичел и Џау Краудер со по 21 поен.
Наредниот меч од оваа серија на програмата е в четврток, а домаќин повоторно ќе биде Хјустон.