Top Sport

Сари: Поради Јувентус Серија А губи навивачи

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари, ја предупреди Серија А дека губи многу навивачи поради доминацијата на Јувентус. „Старата дама“, во саботата, победи кај Интер, а по поразот на Наполи во Фиренца, се наоѓа на чекор до освојување на седмата последовна титула.

Јувентус, во саботата вечерта, во Милано го победи Интер 3:2 со сепктакуларен пресврт, додека Наполи ден подоцна доживеа фијаско во Фиренца и загуби од Фиорентина 3:0.

„Погледнете ја Премиер лигата, шампионот константно се менува и секоја година расте љубовта на навивачите кон тимовите и сите се надеваат на успех. Во Италија ситуацијата е поинаква. Ризикуваме да изгубиме многу навивачи бидејќи навиваат за тимови што нема никогаш да победат и тие тоа добро го знаат. Доколку го унапредиме системот, тогаш и богатите ќа станат посиромашни. Единствената наша надеж е дека еден ден се ова ќе заврши. Порано или подоцна, нивната доминација ќе заврши“, рекол Сари.

На три кола до крајот на првенството Јувентус има 88 бода, четири повеќе од вторпласираниот Наполи.

Scroll to Top