Top Sport

Дешам објаснува зошто Погба е „ѕвер“ за Франција, но не и за Јунајтед

Францускиот селектор, Дидие Дешам го опиша фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба како „комплетен фудбалер од средниот ред“, објаснувајќи зошто токму во францускиот дрес тој го дава својот максимум.

Додека фановите на „ѓаволите“ честопати се фрустрирани од моментите кога Погба ќе „исчезне“ на теренот во дресот на Јунајтед, тој на ЕУРО 2020 покажа што умее, креирајќи ја акцијата за 1:0 победата над Германија, а потоа асистирајќи му на Карим Бензема за 2:2 ремито со Португалија.

„Пол е комплетен фудбалер од средниот ред. Има навистина квалитетни додавања, и тоа е нормално во неговата игра. Знае да се движи и кај мене секогаш има слободна улога на теренот. Не ограничен на нападот, неговата позиција знае да се смени и зависи од тоа кои фудбалери се со него на теренот и како се движат“, вели Дешам пред денешното осминафинале против Швајцарија.

Scroll to Top