Сер Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед господски го пречкеаа Арсен Венгер, кој во неделата, последен пат го водеше Арсенал на „Олд Трафорд“, против Манчестер јунајтед.
Пред почетокот на натпреварот, Мурињо го пречека Венгер на теренот на „Олд Трафорд“, се ракуваше со него, а потоа го однесе до центарот на игралиштето каде што ги чекаше Фергусон.
Шкотланѓанецот, на Венгер му врачи подарок, што наиде на одобрување кај навивачите кои со овации ја поздравија големата кариера на Французинот.
Во име на Манчестер јунајтед, Фергусон и Мурињо, му врачија пехар на Венгер, на кој се изгравирани зборовите: „На Арсен Венгер, во името на Манчестер јунајтед, за неговата служба и успесите во Арсенал од 1996 до 2018 година, пехарот му го предале сер Алекс Фергусон и Жозе Муруњо.“
This is what Sir Alex Ferguson presented Arsene Wenger before today’s game. pic.twitter.com/Txooua3D8R
— Simon Stone (@sistoney67) April 29, 2018
„Фантастично е ова што го направи нашиот клуб. Мислев дека е многу подобро подарокот да му го предаде Фергусон. Јас како тренер на Јунајтед против господинот Венгер играв само неколку пати, додека вистинското ривалство е она помеѓу Фергусон и Венгер“, рекол по мечот Мурињо.
Арсен Венгер, изненаден од гестот на најголемиот ривал, емотивно и помалку шеговито ја прокоментирал целата церемонија.
„Навистина е убаво ова што е случи. Навистина убав гест од Јунајтед, уживав во ова. Толку пати бев овде и никогаш не сум бил вака пречекан, па дури и подарок добив. Но, немојте да се грижите, наредната сезона некој друг ќе седне на моето место и ќе биде непријателски пречекан“, рекол Венгер.