Top Sport

Ослободени електрични перформанси: Претставен новиот Porsche Taycan Cross Turismo

Под отворено небо и акустична музика, претставена е комплетно новата едиција на Porsche – TaycanCrossTurismo.

Инспириран од визијата која беше отелотворена со претставувањето на првиот концепт уште во 2019 година, Porsche испрати клучен сигнал за електричната иднина на мобилноста.

Високотехнолошката шасија со погон на сите тркала и адаптивна воздушна суспензија за апсолутна бескомпромисност. Опционалниот пакет Off-Road го зголемува растојанието од земјата до 30 mm. Ова значи дека CrossTurismo може да се вози и на потежок терен. Стандардниот „GravelMode“ ја подобрува соодветноста на новиот модел за возење по нерамни патишта.

Четири деривати на TaycanCrossTurismo се достапни веднаш по неговото лансирање. Моќноста изнесува 380 коњски сили во основната верзија Taycan 4 CrossTurismo, 490 коњски сили во Taycan 4S CrossTurismo, 625 коњски сили во TaycanTurboCrossTurismo и 761 коњска сила во најмоќниот TaycanTurbo S CrossTurismo кој забрзува до 100 км/ч за само 2,9 секунди. Опремени со PerformanceBatteryPlus, вкупниот капацитет на батеријата изнесува 93,4 kWh и секогаш доаѓа стандардно во сите верзии. Досегот на батериите изнесува од 416 до 456 км соодветно на верзијата на Taycan Cross Turismo.

Како дел од овогодинешниот и трет по ред SkopjeUnplugged“ 2021, новиот Porsche Taycan Cross Turismo гордо се претстави на сцената придружуван од акустичната музика на фестивалот на кој учествуваа повеќе изведувачи, како групата Ван Гог, Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе Бенд, Студени нозе и останатите.

Scroll to Top