Милан почнале преговори со Барселона за позајмица на Филип Кутињо, иако неговата годишна плата од 12 милиони евра претставува најголем проблем за „росонерите“, а исто така се заинтересирани да го донесат Хамес Родригез од Евертон, кој призна дека е планира да остане во Премиер лигата по заминувањето на тренерот Карло Анчелоти во Реал Мадрид, јавува „Тутоспорт“.
29-годишниот Кутињо има договор со Барселона до јуни 2023 година, откако пристигна на „Ноу Камп“ за 135 милиони евра од Ливерпул во јануари 2018. Тој ја помина сезоната 2019/20 во Баерн Минхен, по што се врати во Барселона, но не одигра многу откако повторно се повреди.
Покрај ова, Милан се надеваат дека веќе имат договор со Реал Мадрид, за враќање на Брахим Дијаз на нова позајмица со опција за купување, тврди „Ла газета дело спорт“. Шпанецот ја помина 2020/21 на позајмица на „Сан Сиро“ и го импресионираше тренерот Стефано Пиоли.