Ливерпул се обиде на сите можни начини да го задржи Емре Џан на „Енфилд“, меѓутоа германскиот репрезентативец реши кариерата да ја продолжи во Јувентус.
Догорворот на 24-годишниот фудбалер истекува по завршувањето на сезоната и тој како слобиден играч ќе потпише за „Старата дама“.
Весникот „Тутоспорт“, во понеделникот, на насловната страница објави дека Емре Џан ја прифатил понудата и се договорил со Јувентус. „Газета дело спорт“, пишува дека германскиот репрезентативец ќе потпише петгодишен договор и дека по сезона ќе заработува шест милиони евра.
Emre #Can ha deciso di accettare la corte della #Juve ma aggiungendo una clausola per liberarsi. L’annuncio dopo la finale della Champions (#Tuttosport) pic.twitter.com/7U7reodxbh
— Giovanni Capuano (@capuanogio) April 30, 2018
Поголеми плати од Емре Џан во Јувентус ќе имаат само Аргентинците Гонзало Игуаин и Паоло Дибала.
Џан, поради повреда предвреме ја заврши сезоната, во која одигра 37 натпревари и постигна шест гола.