Top Sport

Баерн со Алаба, но без Робен и Боатенг против Реал

Минхенски Баерн, утре гостува во Мадрид кај Реал, во полу-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Баварците ќе имаат тешка задача против европскито шампион да ја надополнат негативата од 2:1.

Она што е охрабрувачки за Баерн е што Хави Мартинез, кој првиот меч предвреме го заврши поради повреда ќе биде во тимот, а позицијата крај левата аут линија ќе за заземе и Давид Алаба.

Австриецот првиот меч го пропушти поради повреда, на неговата позиција играше Рафиња кој кој беше виновсникот за вториот гол на Реал.

Лекарскиот тим на Реал за реваншот не успеа да го оспособи за игра искусниот Аријан Робен. Холанѓанецот, се повреди на самиот почеток на натпреварот во Минхен. Друштво на трибините ќе му прави и стандардниот дефанзивец Жером Боатенг, кој исто како и Мартинез и Робен, првиот полу-финален меч не го заврши поради повреда.

Од претходно Баерн не може да смета на услугите на Мануел Нојер, Артуро Видал и Кингсли Коман.

Scroll to Top