Top Sport

Шок за Франција во Букурешт – Сеферовиќ го матираше Лорис

Бавен старт на фаворитот Франција во шестиот финален меч од ЕУРО 2020. Аутсајдерот Швајцарија во 15-та минута ги шокираше „петлите“ на Дешам.

По центаршутот на Зувер, напаѓачот Харис Сеферовиќ беше највисок во скокот покрај француските дефанзивци и носи предност со удар ниско десно долу покрај немоќниот Уго Лорис.

На националната арена во Букурешт пред околу 25.000 гледачи Швајцарија е со предност и чекор поблиску до четвртфинале што би било првокласно изненадување.

Scroll to Top