Патрик Виера е пред враќање во Лондон, но не како менаџер на неговиот сакан Арсенал, туку на испразнетото место во Кристал палас, откако англиските медиуми го поставија како прв фаворит за замена на Рој Хоџсон.
Палас, слично како и Тотенхем и Евертон, го продолжуваат барањето на нов тренер, откако прво се откажаа од Нуно Еспирито Санто, а потоа беа одбиени и од Лусиен Фавр. Виера, кој беше отпуштен од Ница во декември 2020, сега е прв фаворит за местото на „Селхарст парк“ по преговорите со претседателот Стив Периш.
45-годишниот Французин веќе е во Велика Британија, каде што работи како коментатор на ИТВ за време на ЕУРО 2020. Тој претходно беше поврзуван со место во Бурнмаут во Чемпионшип.