Top Sport

ММА фајтер нокаутираше човек во ноќен бар, па тврдеше дека е во самоодбрана

Поранешниот ММА фајтер во Белатор федерацијата и светски шампион во кик-бокс, Џо Шилинг тврди дека чувствувал дека неговиот живот е во опасност откако се појави видео на кое нокаутира еден човек во еден ноќен бар.

37-годишниот Шилинг на снимката поминува покрај еден човек, кој нешто му зборува, пред со два удари да го прати на подот и да си замине. Не е јасно каде се случил инцидентот и дали бил пријавен во полиција.

Шилинг на социјалните мрежи објасни дека сметал дека животот му е во опасност и дека реагирал во самоодбрана.

„Изгледа во оваа земја веќе не можеш да делуваш во самоодбрана. Не трипувајте за видеото и благодарам за грижата која ја покажавте кон мене во овој заканувачки инцидент. Тој човек рапуваше како идиот, а момчето, кое беше црно помина покрај него и го навреди расистички. Тој беше навреден, но не сакаше да ја загуби работата. Кловнот потоа почна да ме гледа и рапува. Кога се закани, бев исплашен за мојот живот и реагирав дефанзивно“, вели Шилинг.

Шилинг последен пат беше во Белатор во 2019 година, кога беше нокаутиран од Тони Џонсон, а претходно имаше пораз и од Тони Фергусон.

Scroll to Top