Во јапонскиот гигант Хонда се задоволни од „позитивните“ први преговори со поранешните шампиони Ред бул рејсинг за можен договор за снабдување со мотори од следната сезона, вели мотоспорт шефот на компанијата, Масахи Јамамото.
Хонда се врати во Формула 1 како снабдувач со мотори во 2015 година со ексклузивно партнерство со Мекларен, но по три сезони со катастрофални резултати и постојаност, Мекларен се решија за Рено, а Хонда за да остане во спортот склучи партнерство со јуниорскиот тим на Ред бул, Скудерија Торо росо. Ред бул користат мотори на Рено ребрендирани како „ТАГ Хојер“ по нивниот спонзор, откако од 2010 до 2013 година освоија четири титули во низа.
„Ова беше само прв состанок, така што разговаравме за условите на двете страни и што очекуваме од можната соработка. Беше позитивно и мислам дека и тие се задоволни. Ова е само почеток на потенцијална иднина за двете компании“, вели Јамамото.
Краен рок за пријавување на партнерствата за следната сезона е веќе на 15 мај, така што се нема многу време за утврдување на деталите.
„Времето кое преостанува ќе го искористиме за разговор на членовите на бордот на Хонда, пред да дадеме официјален предлог до Ред бул“, додава Јамамото.
Фото: ЕПА